Северна Кореја со лажен пребарувач ги краде податоците на јужнокорејците / Photo: AA Archive

Северна Кореја направи копија од Навер, најкористениот пребарувач и интернет-портал во земјата, со цел да ги украде податоците од јужнокорејските корисници.

Според веста на новинската агенција Јонхап, Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја соопштила дека Северна Кореја создала пребарувач сличен на Навер.

Во ова соопштение се вели дека Северна Кореја преку овој пребарувач има цел да пристапи до личните податоци на јужнокорејските корисници преку крадење на нивното корисничко име и лозинка.

Според соопштението, Северна Кореја се обидува да врши киберизмама, додека се наведува дека сите платформи на Навер се копирани.

Оваа разузнавачка агенција упати предупредување да се биде внимателен при најавувањето во интернет-страниците и побара да се прекине пристапот до интернет-страниците во случај да се открие дека се лажни.

Порталот Навер, кој е еден од најкористените интернет-страници во Јужна Кореја, нуди услуги во различни области, како што се мапи, блогови, страници за разговори, како и системи за онлајн плаќање.

TRT Balkan / агенции
Популарни