Кина ги отфрли тврдењата за хакирање на британското Министерство за одбрана, објавија државните медиуми.
Ваквите извештаи се „чиста глупост“, одговори портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан, на прашањето за извештајот на „Скај њуз“ дека Кина го хакирала Министерството за одбрана на Обединетото Кралство во сајбер напад насочен кон персоналот.
„Кина отсекогаш решително се спротивставуваше и се бореше против сите форми на сајбер напади и решително одбива да користи прашања за сајбер безбедноста за да ги оцрни другите земји“, рече Лин во Пекинг.
Скај њуз објави дека кинеската држава стои зад сајбер нападот, иако владата на ОК нема да ја именува вмешаната земја.
Пратениците ќе бидат известени за огромното нарушување на податоците во кое е вклучено министерството и два или три обиди за хакирање на вработените, вклучително и воените лица.
Според извештајот, сајбер-нападот бил изврешен врз системот за плати на активни војници и персоналот, државни функционери и воени ветерани, и во голема мера откривајќи имиња и банкарски податоци.