Во подрачјата погодени од земјотресот се испратени спасувачки екипи / Photo: Reuters

Најмалку 111 лица загинаа, а повеќе од 230 се повредени во земјотресот што го погоди кинескиот пограничен регион Гансу-Кингхаи, објавија во вторник кинеските државни медиуми.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) процени дека земјотресот во регионот бил со јачина од 6,1 степени според Рихтер.

Земјотресот бил на длабочина од 35 километри со епицентар на 102 километри западно-југозападно од Ланжу, Кина, соопшти ЕМСЦ.

Кинеската Национална комисија за спречување катастрофи и помош и Министерството за управување со вонредни состојби ја активираа итната помош од IV. ниво, објави Ксинхуа.

Во подрачјата погодени од земјотресот се испратени спасувачки екипи.


TRT Balkan / агенции
Популарни