Јапонскиот премиер Кишида ја истакна важноста на преговорите за да се обезбеди враќање на Јапонците, наводно, киднапирани од Пјонгјанг во минатото / Photo: AA

Јапонскиот премиер Фумио Кишида изрази намера да одржи самит со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, објави во понеделникот официјален Пјонгјанг, јавува Anadolu.

Во изјавата што ја пренесе Корејската централна новинска агенција, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јо Јонг рече дека отворањето на ново поглавје во односите меѓу Северна Кореја и Јапонија ќе зависи од „политичката одлука“ на Токио.

Кишида во понеделникот во парламентот изјави дека неговата влада лобирала за „можна“ средба со севернокорејскиот лидер, објави токиската новинска агенција Кјодо.

Тој ја истакна важноста на преговорите за да се обезбеди враќање на јапонските државјани, наводно, киднапирани од Пјонгјанг во минатото.

Ким Јо Јонг во февруари изјави дека посетата на Кишида на Пјонгјанг е можна доколку Токио не го направи прашањето за киднапирања на јапонски граѓани пречка меѓу двете земји.

Северна Кореја во 2002 година призна дека испратила агенти да киднапираат 13 јапонски државјани во 1970-тите и 1980-тите, принудувајќи ги да обучуваат севернокорејски шпиони на јапонски јазик и обичаи.

Поранешниот јапонски премиер Јуничиро Коизуми беше во историска посета на Пјонгјанг во 2002 година и се сретна со таткото на Ким, Ким Џонг-ил.

По неговата посета, петмина јапонски државјани беа вратени, но дипломатијата набрзо прекина, откако Токио тврдеше дека Пјонгјанг не бил јасен за жртвите на киднапирањето.

AA
Популарни