Шведската армија ќе купи тенкови од германскиот производител на оружје КНДС за 22 милијарди шведски круни (1,97 милијарди долари), објави денеска министерот за одбрана Пал Џонсон за шведскиот јавен сервис.
Договорот, кој беше потпишан на крајот на декември, предвидува набавка на 44 нови тенкови Леопард 2 А8 и модернизација на 66 постоечки тенкови.
„Ова е апсолутно неопходна инвестиција“, рече Џонсон, додавајќи дека тенковите ќе и помогнат на Шведска да ја исполни целта за удвојување на воениот капацитет.
TRT Balkan / агенции