Шведска стана 32-та членка на НАТО во сенка на руската офанзива врз Украина, ставајќи крај на децениската неутралност по Втората светска војна и вртејќи ја страницата на двовековната неврзаност.
Неколку дена откако Унгарија стана последната членка на НАТО што потпиша, Шведска церемонијално им ги предаде документите за пристап на Соединетите држави, водечката сила на трансатлантската алијанса која обезбедува заедничка безбедност за сите.
„Тоа е голем чекор, но во исто време и многу природен чекор“, рече шведскиот премиер Улф Кристерсон во Стејт департментот.
Пристапувањето „е победа на слободата денес. Шведска направи слободен, демократски, суверен и обединет избор за влез во НАТО“, рече тој.
AA