Во нападот врз училиштето на УНРВА во која раселените Палестинци се засолнија загинаа 40 лица, меѓу кои 14 деца и девет жени / Photo: AA

Израел употреби оружје од американско производство во вчерашниот напад на училиштето на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА).

Американската телевизија Си-Ен-Ен објави своја анализа на снимката од нападот на израелската армија врз училиште во централниот дел на Појасот Газа.

Констатирано е дека Израел користел најмалку две мали бомби ГБУ-39 од американско производство во нападот врз училиштето УНРВА во Газа.

Минатата недела Си-Ен-ЕН објави анализа во која е утврдено дека во израелскиот масакр во Рафах се користеле бомби од американско производство, но американската администрација соопшти дека не може да го потврди тоа.

Во вчерашниот напад на израелската армија врз училиште на УНРВА во која раселените Палестинци се засолнилја во бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, животот го загубија 40 лица, меѓу кои 14 деца и девет жени. Израел потврди дека го бомбардирале училиштето, но во делот каде имало скроиено борвци на Хамас.

По израелскиот напад на училиштето пристигнаа осуди од голем број земји.

САД повикаа на истрага за смртоносниот израелски воздушен напад врз училиштето и му порачаа на Израел дека мора да биде „целосно транспарентно“.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер изјави во четвртокот дека дури и ако израелската војска имала намера да ги гаѓа милитантите на Хамас, тврдењата за децата убиени во нападот „покажуваат дека нешто тргнало наопаку“.

Милер рече дека е право на Израел да ги гаѓа милитантите на Хамас, истовремено нагласувајќи ја обврската да се минимизира штетата на цивилите и да се преземат сите можни чекори за тоа.

Тој рече дека САД виделе извештаи дека 14 деца биле убиени во нападот. „Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи“, рече Милер.

Сето тоа се факти кои треба да се проверат и тоа сакаме да се случи, додаде тој.

Според УНРВА, училишна зграда во бегалската област Нусејрат била користена како засолниште за итни случаи.


TRT Balkan / агенции
Популарни