Силниот ветар, дожд и град, кои го зафатија Милано во утринските часови, предизвикаа поплави и соборија стебла, од кои многу паднаа врз паркирани возила.
Пријавено е сериозно оштетување на градската електрична мрежа, а водата во центарот на градот привремено е исклучена. Пријавен е и еден смртен случај.
Додека високите температури и шумските пожари продолжуваат во јужните делови на Италија, дождот и бурата негативно влијаат врз животот во северните региони на земјата.
Топлотниот бран го зафати југот на Италија, при што температурата на воздухот во Катанија вчера изнесуваше 47,6 Целзиусови степени.
Пожарникарите се борат со шумските пожари на Сицилија. Аеродромот во Палермо беше затворен неколку часа утрово поради пожарот во негова близина. Прекини се забележани и во железничкиот сообраќај.