Демонстрантите побараа и префрлање на прашањето за приведените терористи на ДАЕШ на сириската влада / Photo: AA

Сириските граѓани денеска протестираа во Дамаск против терористичката организација ПКК/ЈПГ и побараа новата сириска влада да стави крај на терористичката окупација на областа источно од реката Еуфрат.

Протестот се одржа на плоштадот Умајад во центарот на Дамаск, со транспаренти на англиски и арапски јазик на кои пишуваше „ПКК е причина за нестабилноста во регионот“ и „Ги повикуваме претседателот Шара и сириската армија да не заштитат од терористичката организација ПЈД“.

Демонстрантите побараа и елиминација на терористичката организација ПКК и префрлање на прашањето за приведените терористи на ДАЕШ на сириската влада.

Демонстрантот Ејмен Дерк за АА изјави дека сирискиот огранок ЈПГ/ПЈД е сириски огранок на терористичката организација ПКК и е управуван од терористи од Кандил, северна ирачка планина која се смета за главно гнездо на ПКК.

„Поддршката на оваа организација е предавство на сопствениот народ. Сите Курди и Арапи треба веднаш да се оградат од неа. Тоа е сепаратистичка организација“, рече Дерк.

Демонстрантот и новинар Гусун Авад рече дека терористите на ПКК/ЈПГ окупираат неколку региони во Сирија и дека локалните жители се жртви на тероризмот.

Тој додаде дека бараат меѓународната заедница да ја прекине поддршката за овие терористи.

Демонстрантот Замил Сааб смета дека зачувувањето на интегритетот на Сирија е најважно во овој момент.

„Ја поддржуваме новата влада на Сирија. Очекуваме Туркије да ни помогне да ја елиминираме терористичката организација ПКК во регионот“, рече тој.

ПКК е сепаратистичко-терористичка организација која е наведена како терористичка група во Туркије, Европската унија и САД. За време на повеќедецениската терористичка кампања, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.

Сирискиот огранок на ПКК е ЈПГ, која го угнетува населението во североисточна Сирија и се обидува да воспостави „терористички коридор“ во тој регион долж турската граница. Турските сили ги преземаат неопходните операции за да ги спречат овие терористички намери.

TRT Balkan / агенции
Популарни