Бројките покажуваат дека воздухот е опасен за дишење / Фото: AA

Македонската престолнина Скопје, утринава е обвиена во магла, при високи концентрации на штетни ПМ честички, што предизвика загриженост за јавното здравје кај граѓаните.

Видливоста е значително намалена, пoради што сообраќајот е отежнат, а граѓаните со заштитни маски се обидуваат да се заштитат од загадениот воздух и густата магла.

Во меѓувреме, според податоците објавени на веб-страницата Ајкју Ер (IQAir), Скопје се најде меѓу топ 10 градови со најзагаден воздух во светот.

Бројките покажуваат дека воздухот е опасен за дишење, а индексот на загаденост е 156.

Главни причини за оваа состојба се фосилните горива, старите возила и индустриските испуштања, а географската поставеност на градот го задржува загадениот воздух.

​​​​​​​Управата за хидрометеоролошки работи предупреди дека претпладне ќе има услови за појава на магла по котлините. Во Скопје во текот на денот се предвидува сончево време со мала облачност и со слаб јужен ветер.

AA
Популарни