Арктичката зимска бура што го погоди поголемиот дел од средниот запад и северот на Соединетите Американски Држави (САД) однесе најмалку 49 животи, додека погодените области се покриени со рекорден снег и мраз.
Најмалку 27 лица загинаа во округот Ири, Њујорк, како резултат на големата зимска бура што зафати поголем дел од САД во последните денови, соопштија во понеделникот окружните власти.
Американците поради страв од обилни и долги снежни врнежи ги испразнија полиците во супермаркетите. Според локални извори, имало и грабежи во супермаркетите.
Некои жители на Бафало, заглавени во снежна бура, го прославија Божиќ во противпожарните станици.
Милиони луѓе во САД останаа без струја поради снежната бура. Марк Полонкарц, менаџер на округот Ири во Њујорк, рече дека 94 отсто од домовите и деловните субјекти во округот се без струја, но 12.000 домови и бизниси се сè уште без струја.
„Ова е ужасна ситуација“, рече Полончарц.
Аеродроите се затворени, а Буфало, Денвер и Детроит се само некои од големите градови во кои авио-летовите се откажани.
Интернет страницата „FlightAware“ која ги следи секојдневните доцнења и откажувања на авио-летовите, објави дека на Божиќ се откажани 4.937 летови, а доцнеле 16.869 летови. Вчера регистрирано е откажување на 4.190летови и 13.047 доцнења на летови.
Националната метеоролошка служба најави дека временските услови би требало да се подобрат од денес.
Дадено предупредување за влошување на временската состојба
На 21 декември, националните и локалните агенции за информирање на временската состојба предупредија на големи студови и снежни услови што се случуваат „еднаш во генерација“.
Националната служба за метеорологија (NOAA) објави дека во некои делови од земјата се приближуваат ладни временски услови какви немало во последните 40 години.
Службата за метеорологија истакна дека „обилни врнежи од снег можат да го отежнат или оневозможат патувањето и можат да бидат опасни по живот“.
Поради невремето, приземјата на некои болници и деловни објекти на брегот на Њу Џерси со поглед кон Менхетн беа поплавени од реката Хадсон.