Започна состанокот меѓу азербејџанските власти и претставниците на ерменското население во Карабах, на кој ќе се разговара за процесот на интеграција во тој азербејџански регион.
Овој историски состанок се одржува во зградата на гувернерот во градот Јевла, што се наоѓа во близина на Карабах.
Азербејџанската делегација ја предводи Рамин Мамедов, претставник на претседателот Илхам Алиев задолжен за контакти со Ерменците во Карабах, додека Ерменците од Карабах ги претставуваат Давид Мелкумјан и Сергеј Мартиросјан. На средбата присуствува и претставник на руските мировни сили.
Голем број претставници на азербејџанските, турските и меѓународните медиуми ја следат оваа средба на која одблиску се зборува за состојбите во Карабах и Јужен Кавказ.
Главната агенда на состанокот е интеграцијата на Ерменците од Карабах во Азербејџан.
Азербејџанската Армија на 19 септември започна антитерористичка операција во Карабах за да го врати уставниот поредок. Илегалните ерменски вооружени сили во Карабах го положија оружјето по 24-часовната операција.
Азербејџан ги покани претставниците на локалните Ерменци во градот Јевла да разговараат за прашањата за интеграција.