Соединетите Американски Држави (САД), Русија и Велика Британија беа воздржани / Photo: AA

Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) усвои нацрт-резолуција со која се бара „итна и продолжена пауза“ во судирите во Газа.

Нацрт-резолуцијата што ја поднесе Малта во СБОН изгласана е на итна седница.

Предлог-законот е прифатен со 12 гласа „за“ и 3 „воздржани“, од вкупно 15 членови.

Соединетите Американски Држави (САД), Русија и Велика Британија беа воздржани.

Од друга страна, Советот за безбедност го отфрли рускиот предлог-амандман наместо „хуманитарна пауза“ да се вклучи терминот прекин на огнот.

Со резолуцијата се бара „итна и продолжена пауза во судирите“ наместо хуманитарен прекин на огнот и воспоставување коридор во Појасот Газа во согласност со меѓународното хуманитарно право.

Во резолуцијата се наведува дека интервалите за кои станува збор треба да имаат „доволен број денови“ во согласност со меѓународното хуманитарно право и се повикува на непречен, брз и безбеден пристап на хуманитарната помош што ќе ја дадат ОН и нивните партнери.

Со одлука се бара ослободување на заложниците, а особено децата од рацете на Хамас и други групи, и прекин на блокадата во снабдувањето со основните потреби на цивилното население во Газа.

AA
Популарни