Посетата на Белата куќа е прва посета на Нетанјаху откако Бајден ја презеде функцијата во 2021 година / Photo: Reuters

Американскиот претседател Џо Бајден на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја истакна потребата да се пополнат преостанатите празнини и да се финализира договорот за прекин на огнот и заложниците во Газа, соопшти во четвртокот Белата куќа.

За време на средбата во Белата куќа, Бајден и Нетанјаху детално разговарале за развојот на ситуацијата во Газа и преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците, соопшти Белата куќа.

„Претседателот Бајден изрази потреба да се пополнат преостанатите празнини, да се финализира договорот што е можно поскоро, да се вратат заложниците дома и трајно да се стави крај на војната во Газа“, се вели во соопштението.

Бајден исто така укажа на хуманитарната криза во Газа, потребата да се отстранат сите пречки за протокот на помош и обновувањето на основните услуги за оние на кои им треба, како и критичната важност за заштита на животите на цивилите за време на воените операции“.

„Претседателот Бајден ја потврди цврстата посветеност на Соединетите Американски Држави за безбедноста на Израел против сите закани од Иран и неговите полномошници, вклучувајќи ги Хамас, Хезболах и Хутите“, се вели во соопштението.

Посетата на Белата куќа е прва посета на Нетанјаху откако Бајден ја презеде функцијата во 2021 година.

Но меѓународниот притисок за прекин на огнот за да се стави крај на крвопролевањето и уништувањето во Газа продолжи да расте бидејќи бројот на загинати се приближува до 40.000.

Израелскиот премиер се сретна и со потпретседателката Камала Харис.

„Јасно ја изразив мојата сериозна загриженост за ужасната хуманитарна ситуација таму, со над два милиони луѓе кои се соочуваат со високи нивоа на несигурност во храната и половина милион луѓе кои се соочуваат со катастрофални нивоа на акутна несигурност во храната“, им рече Харис на новинарите по состанокот со Нетанјаху зад затворени врати.

Средбата се одржа еден ден откако Нетанјаху се обрати на заедничката седница на американскиот Конгрес.

AA
Популарни