Терористичката организација ПКК продолжува со присилното регрутирање деца за да ги користи во судирите во Ирак и Сирија, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент објавен вчера.
Во Извештајот за трговија со луѓе за 2022 година се наведува дека децата и понатаму се подложни на присилно регрутирање и злоупотреба од страна на повеќе вооружени групи кои дејствуваат во Ирак, вклучувајќи ги ДЕАШ, ПКК и милициите кои ги поддржува Иран.
„Повеќе извори известуваат дека ПКК и Единиците за заштита на народот (ЈПГ) кои дејствуваат во ИКР и Синџар продолжиле да регрутираат и користат деца“, се наведува во извештајот за Регионалната управа на ирачките Курди.
ЈПГ е сириски огранок на таа организација.
Во извештајот се потсетува дека терористичката организација ПКК минатата година регрутирала десетици деца со цел да ги подготвува за борба. Меѓу нив имало и малолетници од ирачки Киркук.
„Покрај тоа, милициските групи на ПКК во Синџар, кои ги формирале жени Језиди, минатата година вработувале малолетни Језиди и регрутирале тинејџери во паравоените единици во регионот“, се додава во извештајот.
„Во 2018 година, организациите на цивилното општество известија дека ПКК регрутирала и обучувала деца од Синџар, Махмур и други локации, а потоа ги испраќала во базите во Синџар, во Туркије и на планините Кандил меѓу Ирак и Иран“, се наведува во извештајот.
Извештајот се осврнува и на активностите на ЈПГ во Сирија, за кои наведува дека регрутирањето и користењето деца во борбите во таа земја и понатаму се вообичаени.
„Курдските единици за заштита на народот (ЈПГ и ЈПЈ) во северозападна Сирија продолжуваат да регрутираат, обучуваат и да користат момчиња и девојчиња од 12 години“, се додава во извештајот.
Исто така, се наведува дека од 2017 година меѓународните набљудувачи известуваат дека ЈПГ и ЈПЈ регрутирале, понекогаш и насилно, деца од камповите со раселени лица во североисточна Сирија.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористичка организации во Туркије, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). За време на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.