Пред судот во Хаг се одржуваат и протести за поддршка на случајот кој го покрена Јужна Африка / Фото: Reuters

Кампањата за поддршка на случајот за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) собра илјадници потписи до средата.

Иницијативата беше поведена од Велика Британија преку веб-страницата change.org со учество од повеќе од 320.000 корисници ширум светот.

Кампањата дава поддршка за Јужна Африка да го покрене случајот и се води со надеж дека ќе се стави крај на страдањата на луѓето во Газа.

Генералното собрание на ОН минатиот месец побара мислење од МСП за правниот статус и последиците што произлегуваат од израелската окупација на палестинска територија.

Јужна Африка ја поднесе тужбата на 29 декември, тврдејќи дека Израел со своите акции во Газа од 7 октомври ја прекршил Конвенцијата на ОН за спречување и казнување на злосторството геноцид од 1948 година.

Туркије, Боливија и Малезија веќе сигнализираа поддршка за случајот. Организацијата за исламска соработка, вториот по големина мултинационален блок во светот, исто така, ја поздрави тужбата поднесена од Јужна Африка.

Израел го нападна Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври, при што според здравствените власти загинаа најмалку 23.210 Палестинци, а беа повредени 59.167 лица, претежно жени и деца.

Околу 1.200 Израелци биле убиени во нападот на Хамас. Израелскиот напад ја остави Газа во урнатини, при што 60% од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, а речиси 2 милиони жители се раселени поради сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

AA
Популарни