Хамас го осуди планираниот „Марш на знамето“, наведувајќи дека го смета за агресија врз палестинскиот народ / Photo: AA

Стотици илегални еврејски доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал-Алса денес по повод 57-годишнината од израелската окупација на Источен Ерусалим (Ал-Кудс).

Според Јорданскиот оддел за исламски вакаф во Ерусалим, 812 доселеници упаднале во џамијата Ал Акса.

Очевидци за Анадолу изјавија дека доселениците се обиделе да извршат талмудски ритуали во комплексот на џамијата.

Подоцна во текот на денот предвидено е провокативниот израелски „Марш на знамето“ да помине низ портата на Дамаск во Источен Ерусалим под заштита на повеќе од 3.000 израелски полицајци.

Хамас го осуди планираниот „Марш на знамето“, велејќи дека го смета за агресија врз палестинскиот народ и неговите свети места.

Годинашниот марш се совпаѓа со тензичната ситуација на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим, покрај бруталниот напад на Израел врз Појасот Газа што трае речиси осум месеци и во кој загинаа повеќе од 36.500 Палестинци.

Во последниве години провокативниот „Марш на знамето“ предизвика судири со Палестинците, вклучително и 11-дневни борби меѓу Израел и палестинските групи во Газа во мај 2021 година.

Израел го окупираше Источен Ерусалим, каде што се наоѓа Ал-Акса, за време на арапско-израелската војна во 1967 година. Тој го анектираше целиот град во 1980 година во потег што никогаш не беше признат од меѓународната заедница.

AA
Популарни