Бремените жени во Газа се соочуваат со голем број предизвици / Photo: AA

За време на тековниот геноцид во Газа, на интернет просторот се појавија многу активисти и писатели кои ги истакнуваат катастрофалните последици од породувањето што ги доживуваат 50.000 бремени Палестинки. Но потребно е многу повеќе луѓе да проговорат.

Обединетите нации известуваат дека во Газа секој ден се пораѓаат повеќе од 180 жени. Некои се подложени на царски рез без анестезија, со светло на мобилен телефон. Други жени, кои немаат пристап до чиста вода и средства за хигиена, посегнуваат кон земање лекови за одложување на менструацијата.

Приказните и сликите што излегуваат од Газа се поразителни и тешки за сведочење, дури и од привилегијата и удобноста на нашите домови и телефони.

Да се ​​издржи лично, како што тоа го прават сега Палестинците, би било незамисливо и ужасно. И додека воените злосторства продолжуваат, западните влади продолжуваат да го поддржуваат масовното убивање на цивили.

Никој не треба удодно да живее во свет каде што е можен ваков третман, и сите ние треба да се обидеме да го спречиме и да бараме од нашите владини лидери да повикаат на прекин на огнот.

Бремените жени во Газа се соочуваат со голем број предизвици. Некои умираат и ги оставаат предвреме родените деца да преживуваат во инкубатори. Сепак, болниците во Газа веќе немаат струја или гориво за напојување на овие уреди поради исклучувањето на струјата од страна на Израел во Газа и одбивањето да се дозволи увоз на гориво.

Жените раѓаат под постојана закана од смрт, загуба, хаос, ужасни глетки на мртви тела и бомбашки напади. Тие имаат мала приватност за да ги раѓаат своите бебиња и ја немаат потребната храна за да исраснат бебе, да создадат доволно мајчино млеко и правилно да ги лекуваат нивните тела.

Сето ова страдање ќе доведе до непремостливи проблеми со менталното здравје кои ќе бидат оставени нетретирани. Овие влијанија врз менталното здравје, во иднина исто така ќе го зголемат ризикот и за други хронични здравствени нарушувања.

Многу од овие жени никогаш претходно не раѓале и не го изгубиле целото семејство, односно не ја изгубиле потребната поддршка за да го пребродат овој процес. Поради овие околности, многу од нив доживуваат спонтани абортуси, предвремено породување, абрупции на плацентата, прееклампсија, мртвородени деца, белодробни емболии, хеморагии, а многумина кои се повредени во бомбашки напади мораат да бидат изложени на ампутации и разни операции додека се породуваат. Други се принудени да прават хистеректомија бидејќи лекарите имаат малку опции за брзо спасување на нивните животи.

Има толку многу искуства од раѓање што ќе бидат скриени од јавноста, но она што го знаеме е дека жените и семејствата страдаат неизмерно. Ова е само увид во нивното породување и бременост.

Сепак, уште поскриени се постпородилните компликации кои многу од нив ќе ги издржат. Постпартална мајка која доживува тешка траума е изложена на зголемен ризик од вагинални/ректални лацерации од породување, болка/дисфункција/инконтиненција на карличниот под, болки во грбот, абдоминални хернии, фрактури на карлицата/колкот, скршеници на опашката, оштетување на нервите, крварење на матката, згрутчување на крвта, постпартум еклампсија, зголемен ризик од дијабетес, дисавтономија, срцеви нарушувања, сепса и други инфекции.

Тие, исто така, ќе се соочат со компликации при доењето и поврзувањето со нивните бебиња. Дополнително, многу од овие жени ќе бараат помагала за мобилност и различни производи за да се справат со овие долгорочни здравствени проблеми, но нема да имаат пристап до нив. И многу од нив никогаш нема целосно да се излечат од својата попреченост.

Мајките, родителите, и лекарите треба жестоко и гласно да застанат против геноцидот на глобално ниво AA

„Ситуацијата е крајно ужасна. Нема хуманост. Нема хуманост за луѓето, за пациентите и за сите“, изјави за НБЦ Њус д-р Ширин Абед, специјалист за неонатали во Газа.

Како дула-немедицински придружник кој помога пред, за време и по породувањето во Соединетите Држави, постпородилните компликации што ги гледам се најзастапени кај моите црни клиенти кои имаат помал пристап до ресурси, образование и нега. И покрај сета привилегија што ја имаат Американците, црнците сè уште имаат највисоки вкупни пренатални и постпартални компликации и имаат највисоки стапки на смртност на мајката и фетусот поради влијанијата на расизмот и во медицинскиот систем и на клеточно ниво на секој пациент.

Постоењето во расистички систем може да го уништи телото на една личност и да ги направи поподложни на медицински компликации. Оваа околност мора да биде уште поекстремна за жените во Газа, кои живеат под окупација цел живот и имаат мала контрола врз сопственото репродуктивно здравје и лекување.

Дури и физички да патуваат до здравствена установа, палестинските жени се соочуваат со бројни израелски контролни пунктови. Во минатото, ова резултираше со пораѓања на овие контролни пунктови, а во некои случаи резултираше со фетална или мајчинска смрт поради доцнење.

Поради животот под окупација, многу жени во Газа имаат проблеми со репродуктивното здравје. Стапките на смртност и компликации кај мајките растат со години. А некои жени се соочуваат со неплодност, и се трудат со години да ги добијат своите деца, за сега многу од нив да ги загубат своите потомци поради израелските бомби.

Постпартално, мајките треба да се фокусираат на лекување, поврзување со своите бебиња и на своето млеко. Наместо тоа, повеќето од нив тагуваат по саканите и децата, доживуваат глад, дехидрација, губење на постнаталната медицинска нега, немаат поддршка, и од тагата се принудени да ја напуштат болницата или својот дом и да пешачат со часови и часови за да избегаат бомбардирања и израелски копнени инвазии.

Овој вид на физички напор може да ја зголеми веројатноста за овие жени да имаат долготрајни инвалидитети, доколку воопшто го преживеат тоа. Долго одење, нерамен терен, недостаток на соодветни чевли, немање пристап до помагала за движење, ослабени мускули на јадрото, ндостиг на одмор, носење бебе и тешки предмети на долги релации и претрпувањ екстремна болка е огромен проблем за нивното тело по породувањето.

Во текот на првата година по породувањето, ризикот од повреда дури и на најпривилегираните места во светот е висок. Тој ризик е астрономски поголем за жените од Газа. Во текот на првите недели, храна, одмор, хидратација, поддршка и соодветни санитарни услови и производи се потребни дури и за најосновното ниво на заздравување.

Мајките, родителите, и лекарите треба жестоко и гласно да застанат против геноцидот на глобално ниво. Секојдневно сме сведоци на кршење на човековите права, а сепак, многу луѓе велат дека ова е премногу комплицирано прашање за да се заземе „страна“.

Сепак, единствената валидна „страна“ на која треба да се биде е онаа која вели дека жените и семејствата треба да имаат контрола над сопствената земја, нивната вода и електричната енергија. Тие треба да бидат безбедни од воените бомбардирања кои ги загрозуваат нивните животи, нивното здравје, економијата, образованието и нивната способност да ги раѓаат, лекуваат и воспитуваат своите деца во безбедни и правични средини.

Освен хуманитарен, геноцидот во Газа претставува и големо кршење на правата на жените. Тоа е прашање на репродуктивните права и на правата на попреченоста што треба да ги поттикнат сите што се сведоци на тоа да застанат со овие семејства и да бараат крај на оваа опсада во Газа. Прекин на огнот, крај на окупацијата и глобална поддршка за обнова на Газа се единствените одговори за поддршка на преживеаните од овој геноцид и нивните бебиња.

Шиши Роза Црна Американка, мајка, едукатор, организатор на заедницата, писателка и дула со целосен спектар со фокус на благосостојбата и закрепнувањето по породувањето.

TRT World
Популарни