Протестите за подршка на Палестина на Универзитетот Колумбија се постојани од 17 април, кога студентите подигнаа камп во знак на солидарност со Газа / Photo: AA

Студентка на Универзитетот Колумбија во Њујорк ја искина својата диплома за време на церемонијата на дипломирање во знак на протест поради наводното соучесништво на образовниот институт во израелскиот „геноцид“ врз Палестинците во Газа.

За време на церемонијата Тарсис Саломе, дипломка по социјална работа, облечена во кефије и со врзани раце со патент, ја скина својата диплома на парчиња додека беше на сцената.

На снимките на социјалните мрежи, други дипломци, исто така, беа видени како носат лисици со патент и држат пропалестински транспаренти.

Овој потег уследи откако универзитетот ја откажа својата главна церемонија на дипломирање поради зголемени безбедносни стравови откако пропалестински студенти подигнаа камп во кампусот.

Протестите за подршка на Палестина на Универзитетот Колумбија се постојани од 17 април, кога студентите подигнаа камп во знак на солидарност со Газа и побараа нивното училиште да се дистанцира од Израел.

Повеќе од 2.000 луѓе се уапсени во американските кампуси од минатиот месец во услови на силно поларизирани дебати за правото на протест, ограничувањата на слободата на говорот и обвинувањата за антисемитизам.

Демонстрации се одржуваат и во кампусите во делови од Европа, вклучувајќи ги Франција, Холандија и Швајцарија.

AA
Популарни