Таа е обвинета за сторено кривично дело учество во екстремистичка организација / Photo: Reuters / Photo: AA

Окружниот суд во Басман во Москва денеска издаде налог за апсење во отсуство на Јулија Навална, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, поради наводно учество во екстремистичка заедница.

„Јулија Борисовна не им беше достапна на истражните органи во претходната истрага. Во врска со тоа, по неа е поставена потерница“, се наведува во соопштението на судот, а пренесува „Известија“.

Се појаснува дека судот одлучил да донесе превентивна мерка против Јулија Навална откако ја разгледал претставката на истражните органи.

„Таа е обвинета за сторено кривично дело според дел 2 од член 282.1 од Кривичниот законик на Руската Федерација - учество во екстремистичка организација“, се додава во соопштението.

Периодот на притвор се смета од моментот на екстрадиција на територијата на Русија или од моментот на задржување на територијата на Руската Федерација.

Федералното надзорно тело за финансии Росфинмониторинг денеска донесе одлука Навални да ја вклучи во регистарот на организации и поединци вклучени во екстремистички активности или тероризам.

AA
Популарни