Мерчан ги паузираше сите постапки за овој случај до 19 ноември / Photo: AA

Судија во сојузната држава Њујорк денеска донесе одлука привремено да ја прекине постапката против новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, во која веќе е донесена пресуда за обвинувањето дека тајно плаќал пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс.

Судијата Хуан Меркан до денеска требаше да донесе одлука дали пресудата на Трамп може да биде поништена поради одлуката на Врховниот суд во јули за претседателскиот имунитет.

Окружните обвинители од Менхетен од канцеларијата на Алвин Брега побараа од Меркан преку е-пошта во неделата да ја прекине постапката, поради изборната победа на Трамп на изборите одржани на 5 ноември и неговата инаугурација за нов претседател на САД во јануари 2025 година.

„Трамп побара од канцеларијата да се согласи со одложувањето. Народот се согласува дека ова се околности без преседан“, напишаа обвинителите.

Мерчан ги паузираше сите постапки за овој случај до 19 ноември.

Судијата денеска имаше можност да ја поништи пресудата против Трамп, врз основа на неодамнешната одлука на Врховниот суд на САД за претседателски имунитет.

Поротата во мај годинава го осуди Трамп за сите 34 кривични дела за фалсификување деловни досиеја, поврзани со тајната исплата на актерката од филмови за возрасни, Сторми Даниелс за да се откаже од обвиненијата за наводен сексуален контакт со Трамп во 2006 година, за да ги подобри неговите изгледи за победа на претседателските избори во 2016 година.

Ако судијата ја потврдеше осудителната пресудата, изрекувањето на истата ќе беше закажано за 26 ноември, помалку од два месеци пред инаугурацијата на Трамп.

Во случај Мерчан денеска да ја поништеше пресудата, тој можеше да нареди ново судење, кое би било одложено за најмалку четири години додека Трамп не ја напушти функцијата, или целосно да го отфрли обвинението.


TRT Balkan / агенции
Популарни