Сто луѓе загинаа во шумските пожари што избувнаа во шумската област на островот Мауи на Хаваите на почетокот на август

Во шумските пожари ширум светот во 2023 година предизвикаа смрт и повреди на стотици луѓе и предизвикаа големи уништувања, губење на шумски површини и емисии на јаглерод.

Анадолу Агенција ја пренесува приказната за најразорните пожари кои ја одбележаа оваа година.

Шумските пожари предизвикаа сериозно уништување, стотици смртни случаи и евакуација на илјадници луѓе ширум светот оваа година, особено во Канада, Соединетите Американски Држави и Грција.

Според Европската служба за мониторинг на атмосферата Коперник (ЦАМС), шумските пожари во Канада, кои започнаа во мај и траеја со месеци, доведоа до приближно 480 мегатони емисии на јаглерод.

Огромни области под оган

ЦАМС забележа значително зголемување на емисиите предизвикани од пожари во Грција и во источниот Медитеран.

Пожарите во Канада се забележани како најголеми во историјата на таа земја и меѓу најголемите во светот во последните десет години.

Според меѓуагенцискиот центар за шумски пожари во земјата (ЦИФФЦ), количината на земјиште погодено од шумски пожари во земјата оваа година достигна највисоко ниво во нејзината историја, надминувајќи ги 7,6 милиони хектари земјиште уништено од шумските пожари во 1989 година.

Големината на шумската површина погодена од шумски пожари во Канада оваа година е околу 18,5 милиони хектари, која е поголемА од површината на Јужна Кореја и Куба.

Канадските провинции Британска Колумбија и Алберта беа најпогодени од годинешните пожари.

Официјалните лица известија за гаснење на 2.217 пожари во Британска Колумбија, при што изгореле околу 25.000 квадратни километри шума, грмушки и пасишта.

Чадот стигна до САД и Европа

Чадот од шумските пожари во Канада стигна до североисточните американски држави и западниот брег на Европа. Американската национална администрација за океани и атмосфера (НОАА) сподели слики кои укажуваат на пристигнување на чад од пожар во Алберта на границата меѓу САД и Канада.

ЦАМС исто така изјави дека облаците чад стигнале до Европа од северниот дел на Атлантскиот Океан.

Сто луѓе загинаа во шумските пожари што избувнаа во шумската област на островот Мауи на Хаваите на почетокот на август, кои се најсмртоносните шумски пожари во САД во последните 100 години.

Гувернерот Џош Грин претходно изјави дека се уништени околу 2.200 објекти, предизвикувајќи штета од околу шест милијарди долари.

Претседателот Џо Бајден исто така го прогласи островот за зона на катастрофа.

Пожарите во Грција, најголеми во последните 20 години

Пожарот што започна на 19 август однесе 21 живот и стана најголемиот шумски пожар во Грција во последните две децении.

Според грчкиот метеоролошки оддел, опожарената шумска површина надминала 720.000 хектари во двата региона.

Помеѓу 16-те најголеми пожари во последните 20 години, пожарот зафатил најширока област и е евидентиран како најголем пожар забележан на европските територии во последните години.

Во шумските пожари што го зафатија централниот и јужниот дел на Чиле во февруари, загинаа 24 лица, а повеќе од 400.000 хектари, заедно со стотици куќи, се претворија во пепел.

Во пожарите што избувнаа во јужна Италија на крајот на јули, загинаа четири лица, а илјадници беа евакуирани во безбедни области.

Во Тенерифе, дел од југозападните шпански Канарски острови, пет села беа евакуирани во август поради шумски пожари, при што 12.000 жители беа раселени, а повеќе од 8.000 хектари изгореа.

Уште еден пожар во Тенерифе во октомври доведе до евакуација на повеќе од 3.000 жители од област која зафаќа 15 хектари.

AA
Популарни