Светската здравствена организација (СЗО) го ажурира статусот за BA.2.86, варијанта на коронавирусот, како „варијанта под надзор“ поради големиот број мутации.
СЗО го објави најновото соопштение за BA.2.86 варијантата на КОВИД-19.
„Досега се пријавени само неколку случаи на оваа варијанта во неколку држави“, се наведува во соопштението.
Се додава дека се потребни повеќе податоци за да се разберат подобро оваа варијанта и степенот на нејзиното ширење. Во соопштението се истакнува дека варијантата BA.2.86 има голем број мутации.
Во моментов СЗО следи три варијанти на КОВИД-19 што мора да бидат под надзор, како и седум варијанти на коронавирусот што се на опсервација.
Во соопштението се нагласува дека КОВИД-19 сè уште се шири и мутира, поради што е повторен апелот на СЗО до земјите за подобро следење и известување.