Американската тајна служба е под лупа откако на брифингот во Сенатот во средата e откриeно дека агенцијата добила информации оти човекот кој пукаше во Доналд Трамп се сметал за „закана“ 10 минути пред поранешниот претседател да излезе на сцената на предизборен митинг во Пенсилванија, но сепак му дозволила на Трамп да продолжи.
Според интервјуто на Фокс њуз со сенаторот од Вајоминг, Џон Барасо, агенцијата одговорна за заштита на поранешниот претседател го идентификувала напаѓачот, Томас Метју Крукс, како „сомнителен лик“ повеќе од еден час пред пукањето во саботата во кое беше Трамп беше ранет, а едно лице загна.
„Тој беше идентификуван како сомнителен бидејќи имаше телескопски нишан како и ранец. И ова беше повеќе од еден час пред да се случи пукањето“, рече Барасо.
Барасо рече дека неверојатниот брифинг во Сенатот од страна на Тајната служба открил дека агентите биле целосно свесни за извештаите во врска со Крукс, но никогаш не постапиле според виталните информации.
Тој рече дека не се зборувало за извештаи дека локалните полицајци се му се спротиставиле на атентаторот пред тој да пука.
„Така да во текот на тој час би размислувале дека не треба да го изгубите од вид тој човек“, продолжи Барасо. „Некој треба да следи такви работи. Нема докази дека тоа се случило.
Барасо, исто така, откри дека главниот агент на тајната служба задолжен за обезбедување на собирот разговарал со полицијата на телефон токму во моментот кога се случило пукањето.
Тој е еден од долгата листа на истакнати функционери кои бараат оставка на директорката на Тајната служба Кимберли Читл поради неуспехот на агенцијата да го заштити поранешниот претседател од обидот за атентат.
„Американскиот народ не треба да се чувствува удобно со ова“, рече Барасо. „Ова е тотален неуспех на Тајната служба. Ни треба замена на врвот“.
Сенаторката од Тенеси, Марша Блекбурн, која исто така учествуваше на брифингот, се вклучи во барањето за оставка на Читл.
„Згрозена сум кога дознав дека Тајната служба знаела за закана пред претседателот Трамп да излезе на сцената“, објави Блекбурн на X.
„Немам доверба во раководството на директорката Читл и верувам дека е во најдобар интерес на нашата нација ако таа се повлече од својата позиција“.