Телата на 100 Палестинци, кои Израел ги предаде откако ги киднапира од различни делови на Појасот Газа, се закопани во масовна гробница во Рафа.
Според вестите на палестинската новинска агенција ВАФА, израелските сили предале 100 тела на Палестинци киднапирани од различни делови на Газа од 7 октомври во Газа преку граничниот премин Керем Абу Салим.
Соопштено е дека „со прегледот на некои тела на неидентификувани Палестинци е утврдено дека некои од нивните органи се украдени“.
Наведено е дека телата се закопани во масовна гробница во градот Рафа во јужниот дел на Газа.
Во претходно соопштение, Владата во Газа го обвини Израел за земање на тела на Палестинци и кражба на нивните органи, и побара формирање независна меѓународна истражна комисија за ова прашање.
Во соопштението на Канцеларијата за медиуми на Владата на Газа од 27 декември објавено е дека се примени тела на 80 Палестинци убиени и киднапирани по израелските копнени напади врз Газа.
Наведено е дека на некои тела се утврдени промени што укажува на кражба на органи.
Палестинските власти објавија дека израелските сили зеле повеќе од 100 тела од мртовечницата и од дворот на болницата Шифа во Газа за време на рацијата во ноември.