Поранешниот директор во компанија за брза храна Ендрју Пуздер е именуван за следен амбасадор на САД во Европската унија, објави вчера претседателот Доналд Трамп.
„Задоволство ми е да објавам дека Ендрју Ф. Пуздер ќе служи како следен амбасадор на Соединетите Американски Држави во Европската Унија“, напиша Трамп на платформата за социјалните мрежи Truth Social.
Во својата објава, Трамп го пофали Пуздер како успешен адвокат, бизнисмен, економски коментатор и автор.
“Енди ќе заврши одлична работа застапувајќи ги интересите на нашата нација во овој важен регион”, рече Трамп.
Пуздер првично беше кандидат на Трамп за секретар за труд за време на неговиот прв мандат, но се повлече откако призна дека вработил домашна помошничка без документи и не платил даноци на нејзината плата.