Пропалестинските демонстранти, вклучително и американските антиционистички ортодоксни Евреи, планираат демонстрации против Нетанјаху / Photo: AA

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во понеделникот дека не може да гарантира дека ќе се одржи прекинот на огнот во опколениот Појас Газа, само еден ден пред да го пречека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа.

Трамп им рече на новинарите во Овалната соба дека „нема гаранција“ дека прекинот на огнот ќе остане на сила.

„Видов како луѓето се брутализирани. Никој никогаш не видел нешто слично. Не, немам гаранција дека мирот ќе се одржи“, рече тој.

Трамп денеска ќе биде домаќин на Нетанјаху, што е првата официјална посета на странски лидер откако тој ја презеде функцијата минатиот месец.

По разговорите, кои ќе ја обележат првата средба на Трамп со странски лидер од неговата инаугурација на 20 јануари, се очекува тој и Нетанјаху да одржат прес-конференција.

Нетанјаху се наоѓа во Вашингтон во време додека трае прекинот на огнот помеѓу Израел и палестинската група Хамас во Појасот Газа, каде што повеќе од 47.500 Палестинци се убиени од 7 октомври 2023 година.

Пред да замине во неделата Нетанјаху за новинарите изјави дека ќе има „многу важен состанок“ со Трамп за да разговара за „победата над Хамас, ослободување на сите наши заложници и справување со иранската терористичка оска во сите нејзини компоненти“.

Нетанјаху ќе се соочи со бран протести во текот на престојот во САД.

Пропалестинските демонстранти, вклучително и американските антиционистички ортодоксни Евреи, планираат демонстрации против Нетанјаху.

TRT Balkan / агенции
Популарни