Станува збор за Палестинци кои се принудени да живеат надвор од својата татковина по ослободувањето од израелските затвори, во согласност со договорот за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел / Photo: Reuters

Туркије ќе прими 15 Палестинци кои се принудени да живеат надвор од својата татковина по ослободувањето од израелскиот затвор, во согласност со договорот за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел, според турски безбедносни извори.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја задолжи Националната агенција за разузнавање (МИТ) да овозможи безбедно патување за Палестинците и да им обезбеди сигурен живот во Туркије, изјавија извори кои побараа да останат анонимни.

Како дел од договорот за прекин на огнот во Газа, кој започна на 19 јануари, Израел ќе ослободи повеќе затвореници во замена за ослободени заложници, а дел од затворениците што се осудени на доживотна казна ќе бидат депортирани од Палестина и ќе им биде забрането враќање.

Турскиот претседател Ердоган, поддржувајќи го договорот за прекин на огнот, истакна дека Туркије, заедно со други земји, ќе прими Палестинци кои се принудени да живеат во странство по ослободувањето.

Турската Националната агенција за разузнавање брзо презела активности за да го овозможи пристигнувањето на 15 Палестинци преку Египет, при што беа вложени напори за нивна безбедност и интеграција во Туркије, според изворите.

По месеци брутални израелски воени напади врз Појасот Газа, израелската Влада и палестинското движење на отпорот Хамас минатиот месец потпишаа договор за прекин на огнот и размена на израелски заложници во Газа за палестински затвореници во израелските затвори.

Првата размена на затвореници започна на 19 јануари, при што три Израелки беа ослободени во замена за 90 палестински затвореници - жени и малолетници - од окупираниот Западен Брег, вклучително и Ерусалим.

Во втората размена Израел ослободи 199 палестински затвореници и еден јордански затвореник во замена за четири израелски жени војници што ги држеле во Газа.

Според договорот од три фази, секоја фаза трае 42 дена, Израел се согласи да ослободи од 1.700 до 2.000 палестински и арапски затвореници во замена за 33 израелски заробеници во Газа, без оглед дали се живи или починати.

Во геноцидната војна на Израел се убиени повеќе од 47.500 Палестинци, повеќето жени и деца, а беа повредени над 111.600 од 7 октомври 2023 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни