Зборувајќи за минатонеделната победа на изборите, Трамп рече дека американскиот народ направил „нешто многу, многу неверојатно“ / Photo: Reuters

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во четвртокот изјави дека неговата администрација ќе работи напорно за да се стави крај на руско-украинската војна.

„Ќе работиме на Блискиот Исток и ќе работиме многу напорно на Русија и Украина. Тоа мора да престане. Русија и Украина мора да престанат“, рече Трамп на церемонијата за Американскиот институт за политика во клубот Мар-а-Лаго во Флорида, додавајќи:

„Денеска го видов извештајот. Илјадници луѓе се убиени во последните три дена. Илјадници и илјадници беа убиени. Случајот сакал тоа да бидат војници, но без разлика дали се војници или луѓе кои седат во градовите, ние ќе работиме на тоа“.

Зборувајќи за минатонеделната победа на изборите, Трамп рече дека американскиот народ направил „нешто многу, многу неверојатно“.

„Најголемата политичка победа во последните 129 години“, рече Трамп.

Републиканците обезбедија мнозинство на минатонеделните избори и ја презедоа контролата врз Претставничкиот дом и Сенатот.

Трамп победи на изборите со 312 електорски гласови, надминувајќи го прагот од 270 против демократската ривалка, потпретседателката Камала Харис.

Трамп ќе преземе четиригодишен мандат во јануари следната година.

AA
Популарни