Тригодишниот Ахмед Шабат од Газа преживеал три брутални израелски напади и сега се лекува во болницата Шухада ал Акса во Деир ал Балах.
Момчето, кое се уште не е ни свесно што се случувало во изминативе недели во Газа, во првиот напад на 7. октомври ги загубил родителите и четирите браќа и сестри, по што за него се грижеле роднините на неговиот татко.
По вториот напад врз населбата Шеик Радван, каде ги загуби роднините на својот татко, малото момче беше сместено заедно со неговиот вујко во училиштето на Агенцијата за помош и работа на Обединетите нации за палестинските бегалци (УНРВА) во бегалскиот камп Нусејрат.
Таму доживеале трет израелски напад во кој неговиот вујко бил убиен, а Ахмед бил тешко повреден, поради што лекарите морале да му ги ампутираат двете нозе над колената.
Лекарите истакнуваат дека момчето постојано ги бара родителите, сака да стане и да оди. Не знае дека неговите родители се мртви и дека му се ампутирани нозете.
Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.
Оттогаш, најмалку 11.500 Палестинци се убиени, вклучувајќи околу 7.900 жени и деца, додека повеќе од 29.800 се повредени.
Илјадници згради, вклучувајќи болници, џамии и цркви, беа оштетени или уништени во израелската офанзива.
Израелските власти го ревидираа бројот на убиени Израелци од 7 октомври на околу 1.200.