Туниски фудбалер почина по неколку дена откако се самозапали пред полициска станица во северната покраина Кајруан.
Како што објави Радио Мозаик, Низар ал-Исави (35) почина во болница доцна синоќа поради изгореници од трет степен со кои се здобил откако се полеал со бензин и се самозапалил во градот Хафуз во понеделникот.
Ал-Исави објави видео на својот фејсбук-профил непосредно пред да се самозапали, објаснувајќи дека е „неправедно обвинет во случај за тероризам“ откако отишол во полициска станица да поднесе пријава против трговец со банани со кој имал расправија.
„Сакав да го свртам вниманието на полицијата на фактот дека еден од продавачите го прекрши законот, продавајќи банани по цена повисока од цената што ја одреди Владата. Мојата казна беше што ме обвинија за тероризам и ме вмешаа во случај со кој немам никаква врска“, рече тој.
Според очевидци, десетици роднини на Ал-Исави излегоа на улиците на Хафуз за да го изразат својот гнев.
Ал-Исави играше во неколку спортски клуба во Тунис, меѓу кои и Јунион Спортив Монастир и ЕГС Гафса.