Туризмот во Европската Унија сериозно закрепна од последиците на пандемијата од Ковид-19 во текот на минатата година. Вкупниот број на ноќевања во 2022 година речиси го достигна нивото од пред пандемијата односно 2019 година.
Според податоците на Европската канцеларија за статистика Евростат, лани биле регистрирани 2,72 милијарди ноќевања, а во 2019 година 2,88 милијарди ноќевања во рамки на ЕУ.
Бројот на ноќевања во 2022 година е значително зголемување во однос на 2020 и 2021 година кога биле регистрирани 1,42 милијарди ноќевања, односно 1,83 милијарди ноќевања.
Ако се спореди периодот од јануари до јуни, ноќевањата во 2022 се помали од 2019 година за 11 отсто, но за периодот јули-декември разликата е само 1,9 отсто.
Податоците од анализата на Евростат исто така покажуваат дека ноќевањата на странските туристи во 2022 година биле 1,19 милијарди, што е за 12,6 отсто помалку од лани кога изнесувале 1,36 милијарди.
Ова е зголемување од 102,6 отсто во однос на 2021 година кога бројката изнесувала 587,8 милиони ноќевања и 188,8 отсто во однос на 2020 година кога биле регистрирани 412,5 милиони.
Во однос на домашните патувања, во 2022 година биле регистрирани 1,53 милијарди ноќевања,. Тоа е зголемување од 0,7 отсто или 10,9 милиони во однос на 2019 година.
Најголем раст на бројот на ноќевања во Данска
Меѓу земјите од ЕУ, бројот на ноќевања на домашни и странски туристи во 2022 година во споредба со 2019 година е зголемен во три од земјите-членки со достапни податоци: Данска (38,4 милиони ноќевања во 2022 година во споредба со 34,3 милиони во 2019 година; +12,3%), Холандија (128,3 милиони во споредба со 123,4 милиони; +3,9%) и Белгија (42,7 милиони во споредба со 42,5 милиони; +0,5%).
Во меѓувреме, другите земји сè уште не се опоравија целосно од влијанието на пандемијата врз туризмот. Ова беше особено случај во Летонија (3,9 милиони во 2022 година во споредба со 5,5 милиони во 2019 година; -29,6%) и Словачка (12,3 милиони во споредба со 17,2 милиони; -28,3%).