Турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар, изјави дека Туркије вложува напори да ја продолжи црноморската Иницијатива за жито, чие времетраење треба да истече на 18 март.
Договорот обезбедува безбеден премин на житарки и други суштински артикли преку украинските пристаништа на Црното Море, спречувајќи глобална криза со храна.
Акар рече дека досега најмалку 790 бродови натоварени со жито ги напуштиле украинските пристаништа со речиси 23,5 милиони тони жито.
Минатиот јули, Туркије, ОН, Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул за обновување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море, што беше прекинат по почетокот на руско-украинската војна во февруари 2022 година.
„Ги продолжуваме нашите преговори со ОН, Украина и Русија, кои се страни во Иницијативата за жито. Украина изрази позитивно мислење за второто продолжување на Иницијативата. Слично на тоа, Русија има позитивен став кон продолжувањето на Иницијативата. Ние исто така, се надеваме и очекуваме дека Иницијативата за жито ќе продолжи со придонесот на сите страни. Продолжуваме со нашите напори во оваа насока“, рече Акар.