Турски МИТ неутрализира двајца терористи на ПКК/КЏК во северен Ирак / Photo: AA

Турските разузнавачи неутрализираа двајца терористи на ПКК/КЏК во северен Ирак, соопштија денес безбедносни извори.

Националната разузнавачка служба (МИТ) утврдила дека двајцата терористи добиле инструкции да се инфилтрираат во турските воени бази.

Идентификувани како Ахмет Бајар, со кодно име Туфан Кочер, и Ахмед Ибрахим ел Ахмед, со кодно име Мерван Зереван, потоа беа цел на операција во регионот Хакурк.

Бајар ѝ се приклучил на терористичката организација во 2012 година, во минатото дејствувал во Сирија и служел како телохранител на високи припадници на организацијата, додека Ел Ахмед добил обука за извршување атентати во регионот Кандил во северен Ирак во 2014 година.

ПКК е позната по тоа што го користи северен Ирак, во близина на турската граница, како засолниште за планирање терористички напади врз Туркије.

Во својата речиси 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.

TRT Balkan / агенции
Популарни