Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган замина во автономната азербејџанска ексклава Нахчиван на покана на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.
Алиев ќе го пречека Ердоган со официјална церемонија, а потоа ќе одржат тет-а-тет разговори на кои ќе стане збор за билатералните односи, како и за регионалните и глобалните прашања, особено за последните случувања во Карабах. Тие подоцна ќе одржат заедничка прес-конференција.
Двајцата лидери, исто така, ќе присуствуваат на церемонијата на отворањето на гасоводот кој ќе ги поврзува меѓу Нахчиван и соседната област Игдир во Источна Туркије, како и на отворањето на модернизиран воен комплекс во азербејџанската ексклава.
Анкара и Баку се согласија во 2020 година да доставуваат природен гас од Туркије до азербејџанската Автономна Република Нахчиван, во рамките на меморандумот за разбирање.
Новиот гасовод во должина од 85 километри ќе води од Игдир до Седерек во Западен Азербејџан, со годишен капацитет од 500 милиони кубни метри, односно 1,5 милиони кубни метри дневно.
Проектот ќе се реализира преку партнерство помеѓу компанијата за сурова нафта и природен гас на Туркије БОТАШ и азербејџанската државна нафтена компанија СОЏАР.