Поранешниот претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата, Иљир Мета, денеска е уапсен во Тирана по налог на Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал (СПАК) на таа земја.
Тој е уапсен на влезот во Тирана додека се возел до местото каде требало да одржи прес-конференција, јавува Јуронуз Албанија.
Како што е наведено, тој не давал отпор при апсењето.
Мета е обвинет за перење пари, корупција и непријавување имот.
Тој неколкупати се појавуваше во СПАК на распит за случајот ЧЕЗ-ДИА.
Станува збор за сериозен корупциски скандал во кој е вмешан еден од неговите блиски соработници и измама за наплата на долгот на ЧЕЗ, чешка енергетска компанија која работела во Албанија за време на владата на Сали Бериша, а ја приватизира албанската Електродистрибуција, договор кој потоа беше раскинат.
И во 2022 година, Мета беше пријавен во СПАК од страна на поранешниот пратеник Халит Валтери.
Мета и неговата сопруга Моника Круемади, кои се во фаза на развод, исто така се под финансиска истрага, како и во врска со прашањето за лобирање во САД.
Мета (55) беше шеф на албанската држава во периодот од 24 јули 2017 – 24 јули 2022 година.