Полицијата уапси осомничен за масовното пукање     Фото: АА 

Полицијата уапси осомничен за масовното пукање во кое загинаа шест лица на парадата на Денот на независноста на четврти јули во американската сојузна држава Илиноис.

Во пукотницата, која се случи претходно во текот на денот во предградието на Чикаго, Хајленд Парк, беа повредени и најмалку 24 други.

Шефот на полицијата во Хајленд Парк, Лу Џогмен, го идентификуваше „лицето од интерес“ како 22-годишниот Роберт Е. Кримо III.

Џогмен рече дека кога еден полицаец се обидел да „иницира запирање на сообраќајот“, Кримо се обидел да побегне, по што следела кратка потера.

„На крајот тие успеаја да го фатат во Лејк Форест. Субјектот беше приведен без инциденти“, рече тој на прес-конференција.

Според Њујорк Тајмс, возраста на ранетите во престрелката се движела меѓу 8 и 85 години.

Вооружениот напаѓач пукал со пушка од покрив за време на парадата. Огненото оружје е пронајдено од местото на настанот, соопшти полицијата на претходната прес-конференција.

Гувернерот на Илиноис Џ.Б. Прицкер се заблагодари на полицијата за нивните напори во апсењето на осомничениот напаѓач.

„Овој убиец ќе биде изведен пред лицето на правдата“, рече тој на прес-конференција.

Истакнувајќи дека имал телефонски повик со претседателот Џо Бајден, Прицкер рече: „Ова лудило мора да престане“.

AA
Популарни