Приведените планирале упад во германскиот Парламент     Фото: Ројтерс / Photo: Reuters

Вкупно 25 лица се приведени во повеќе рации низ Германија под обвинение дека биле членови на терористичка организација и планирале државен удар со упад во германскиот парламент. Обвинителството соопшти дека обвинетите се приведени за основање терористичка организација со цел формирање држава по примерот на Германската империја од 1871 година.

Според германското обвинителство, приведените се членови или поддржувачи на терористичка организација. Меѓу нив има и поранешни војници.

Германскиот министер за правда Марко Бушман на својот Твитер профил објави дека е во тек голема антитерористичка операција и дека федералниот обвинител истражува терористичка мрежа.

„Постои сомневање дека е планиран вооружен напад врз уставните институции“, рече Бушман.

Наводно, членовите на групата, која ја зема за пример Германската империја, не ја признаваат модерната германска држава.

TRT Balkan / агенции
Популарни