Уапсени 30 лица на протестите во Париз на Денот на трудот / Photo: AA

Тензиите се зголемија во понеделникот во Париз и другите градови во Франција за време на протестите на Денот на трудот.

Работниците и синдикатите во Франција излегоа на улиците на Меѓународниот ден на работниците во знак на протест против владините пензиски реформи.

Гневот на работниците поради владината пензиска реформа не стивнуваат од јануари, а синдикатите ветија дека ќе одржат уште еден ден на масовна мобилизација на Денот на трудот ширум Франција.

Луѓето рано наутро почнаа да се собираат во градовите Нант, Лион, Марсеј и Стразбур, а попладнето започна собир во Париз, пишува францускиот весник „Фигаро“.

Полицијата уапсила 30 лица пред и за време на маршот во Париз и употребила солзавец врз демонстрантите, пишува весникот.

Се зголемија тензиите меѓу полицијата и демонстрантите на митинзите во Нант и Париз, јавуваат локалните медиуми.

Претходно „Фигаро“ соопшти дека француското Министерство за внатрешни работи ќе распореди 12.000 полицајци низ целата земја, вклучително и 5.000 во Париз, бидејќи властите очекуваат до 650.000 демонстранти на 380 собири во еден ден.

Третина од летовите се откажани на аеродромите Париз-Орли, Марсеј, Лион, Бордо, Нант и Тулуз, додека 25 отсто се откажани на аеродромите во Париз Шарл-де-Гол и Ница.

Закон за пензиски реформи

Претседателот Емануел Макрон ја потпиша пензиската реформа на 14 април, откако Уставниот совет го заврши своето разгледување, и покрај барањата на синдикатите да се откажат од мерката што предизвика повеќенеделни протести.

Законот ќе ја зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години до 2030 година, со што се бара најмалку 43 години стаж за работникот да се квалификува за целосна пензија.

Владата го обелодени предлогот во јануари и истиот беше однесен на парламентарна расправа следниот месец, иако милиони излегоа на улиците за да се спротивстават.

Немирите се интензивираа кога премиерката Елизабет Борн, по консултациите со Макрон, одлучи да ги искористи посебните уставни овластувања за да го усвои нацрт-законот без одобрение од парламентот во март.

Одлуката беше мотивирана од загриженоста дека пратениците ќе можат да ги спречат реформите бидејќи на владата и недостасуваше апсолутно мнозинство во парламентот.

Законот треба да стапи на сила на 1 септември

AA
Популарни