Турската Национална разузнавачка организација (МИТ) идентификуваше лице кое користело вештачка интелигенција (ВИ) за да го имитира гласот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за да измами одредени компании и високи владини функционери.
МИТ откри дека измамникот користел софтвер на вештачка интелегенција за да го симулира гласот на турскиот претседател Ердоган и ги повикал деловните луѓе со повеќе од 10 различни мобилни телефони од странски државјани.
Сторителот е уапсен брзо и предаден е на агенциите за спроведување на законите, благодарејќи на исклучителните напори на одделот за кибернетичка безбедност на турската разузнавачка агенција МИТ, изјавија безбедносни извори.
Надлежните ја нагласија потребата жителите да бидат внимателни во соочување со вакви обиди во контекст на кибернетичкиот криминал и наведоа дека мерките против измамите со имиња, глас и идентитет постојано ќе се подобруваат.