Palestinians including children are brought to Al-Aqsa Martyrs' Hospital after injured in Israeli attacks which killed 40 Palestinians and injured 100 others in Deir al-Balah / Photo: AA

Убиени се најмалку 23 Палестинци од страна на војската на Израел обвинет за геноцид во нападите на куќи во кои живее цивилно население во градот Деир ал Балах, во централниот дел на Појасот Газа.

Министерството за здравство во Газа објави дека израелската војска бомбардирала многу куќи во градот Деир ал Балах.

„Досега во болницата Ал Акса се донесени телата на 23 Палестинци, а веројатно бројот ќе се зголеми“, се наведува во соопштението.

Во вестите на палестинската службена новинска агенција ВАФА се вели дека израелските воени авиони ги нападнале куќите во градот Деир ал Балах, а повеќето од загинатите се жени и деца.

Според вчерашните податоци досега се убиени 29.410 Палестинци во смртоносната офанзива во Појасот Газа што Израел, обвинет за геноцид, ја спроведува од 7 октомври.

По обвинението за геноцид што го поднесе Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата на 26 јануари пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

Меѓутоа, израелските сили и понатаму продолжуваат со нападите врз Појасот Газа.

Според податоците на Обединетите нации, 85% од населението на Појасот Газа се внатрешно раселени и се соочуваат со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекарства, а околу 60% од инфраструктурата во Појасот Газа се оштетени или уништени.

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, но, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ), со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.

AA
Популарни