Во израелските напади врз Појасот Газа во изминатите 24 часа загинаа уште најмалку 17 Палестинци, со што бројот на загинатите од 7 октомври наваму достигна 40.878.
„Окупационите израелски сили извршија два нови масакри во Појасот Газа во изминатите 24 часа, во кои загинаа 17 лица, а 56 беа повредени“, се вели во соопштението на Министерството за здравство во Појасот Газа.
Така, бројот на загинатите Палестинци од почетокот на израелските напади се зголеми на 40.878, а бројот на ранетите на 94.454.
Во соопштението се наведува дека голем број жртви се уште се заробени под урнатините, бидејќи спасувачките тимови не можат да вршат операции за пребарување и спасување поради континуираните израелски напади.