Столтенберг од Софија ги најави темите за дискусија на Самитот во Вашингтон / Photo: AA

На претстојниот самит на НАТО во Вашингтон во јули,земјите членки на Алијансата главно ќе се фокусираат на одбрана и одвраќање, поддршка за Украина и глобални партнерства. Ова денеска на парламентарното Собрание на НАТО во Софија го најави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

“Првата тема на самитот ќе биде одбраната и одвраќањето, а сојузниците треба да ги исполнат одбранбените планови со сили, способности и подготвеност, а исто така да покажат споделување на товарот кога станува збор за трошоците за одбраната, рече Столтенберг.

Тој е оптимист во врска со поделбата на товарот и способноста на сојузниците да покажат дека НАТО се засилува кога станува збор за одбраната и одвраќањето и одбранбените инвестиции.

„Ќе имаме најмалку две третини од сојузниците кои трошат 2 отсто од БДП за одбрана до самитот во Вашингтон. Обезбедувањето постабилен проток на залихи и долгорочна финансиска посветеност на Украина е втората главна тема”, рече тој.

Столтенберг очекува дека до самитот во Вашингтон членките ќе се договорат за посилна улога на НАТО во организирањето, обезбедувањето, планирањето, испораката и сигурен проток за Украина

„Но за да го направиме ова навистина ефективно, ни треба не само подобра организација која обезбедува поголема одговорност, транспарентност, предвидливост и испорака на залихи, туку ќе ни треба и повеќе долгорочна финансиска посветеност. Се надевам дека сојузниците ќе можат да се договорат за повеќегодишно финансиско ветување бидејќи на Украинците им треба повеќе долгорочно знаење или поголема предвидливост за да планираат и да инвестираат за да се осигураат дека ги имаат силите што им се потребни за да се одбранат од руските напаѓачи. но и во иднина да се одвраќа од идната руска агресија“, рече Столтенберг.

Глобалните партнерства, особено Азија Пацифик, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија и Јужна Кореја, ќе бидат третата тема на самитот во Вашингтон.

Истакнувајќи дека безбедноста не е регионална, туку глобална, Столтенберг рече дека на самитот во Вашингтон се поканети партнери од Азија и Пацифик, што покажува дека Алијансата ја проширува својата соработка со овие земји.

Тој додаде дека на самитот во Вашингтон се поканети партнери од Азија Пацифик, што одразува дека алијансата ја проширува соработката со овие земји.

„Ние споделуваме исти вредности. Ние веруваме во демократски отворени општества. Но, исто така силно веруваме во потребата да застанеме заедно во поддржувањето на тие вредности“, рече тој.

Самитот на НАТО ќе се одржи во Вашингтон од 9 до 11 јули, во чест на 75-годишнината од основањето на Алијансата.

TRT Balkan / агенции
Популарни