Од под урнатините било извлечено живо 11-годишно момче         Фото: Ројтерс

Најмалку пет лица загинаа вчера кога руски проектили погодија станбена зграда во јужна Украина, додека наводно била погодена и воена база на друга локација.

Службата за итни случаи на Украина соопшти дека проектилите уништиле петкатна зграда лоцирана во градот Миколаев.

Според извештаите, од под урнатините било извлечено живо 11-годишно момче, а операциите за пребарување и спасување се во тек.

Регионалната воена управа на Лавов во меѓувреме соопшти дека руските сили истрелале три проектили, од кои еден го соборила украинската противвоздушна одбрана.

Во нападот е оштетен воен комплекс во близина на Лавов, а засега нема информации за повредени.

Два напади во текот на ноќта се случиле и во источниот украински град Харков, предизвикувајќи прекин на електричната енергија во некои области.

AA
Популарни