Околу 60 отсто од инфраструктурата на Газа е уништена, а речиси два милиони жители се раселени

Извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел, издаде предупредување во врска со непосредниот ризик од смрт на децата во Појасот Газа поради акутната неисхранетост.

„Времето истекува. Многу деца веќе се соочуваат со тешка акутна неисхранетост во Газа. Како што се засилува заканата од глад, стотици илјади мали деца наскоро би можеле да бидат сериозно неисхранети, а некои се во опасност од смрт“, објави Кетрин Расел на социјалната мрежа X.

Таа нагласи:

„Не можеме да дозволиме да се случи тоа.“

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Нападите го оставија Појасот Газа во урнатини. Околу 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, а речиси два милиони жители се раселени.

Оттогаш загинати се најмалку 22.313 Палестинци, а 57.296 се повредени, според Министерството за здравство на Газа. Се смета дека во нападот на Хамас се загинати скоро 1.200 Израелци.

Се верува дека Хамас држи најмалку 129 израелски заложници по нападот на 7 октомври.

AA
Популарни