Лазарини, исто така, потсети и дека во нападите врз Газа загинале повеќе од 160 новинари и медиумски работници / Photo: AA

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври убиени се 885 здравствени работници и 289 хуманитарни работници.

Филипе Лазарини, генерален комесар на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), објави порака по повод Светскиот ден на хуманитарната помош.

Лазарини истакна дека во Газа се прекршени сите постојни правила на војна и дека одговорните треба да бидат санкционирани пред судовите.

Како што рече, во нападите врз Газа од 7 октомври досега убиени се 885 здравствени работници и 289 хуманитарни работници, од кои 207 од УНРВА, додавајќи дека голем дел од нив биле цел додека биле на должност.

Лазарини, исто така, потсети и дека во нападите врз Газа загинале повеќе од 160 новинари и медиумски работници.

Министерството за здравство на Газа соопшти дека во нападите на израелската армија врз Газа од 7 октомври минатата година досега загинале 40.099 Палестинци, од кои 16.314 деца и 10.980 жени.

AA
Популарни