Употребата на антидепресиви во Русија расте по делумната мобилизација

Порасна продажбата на антидепресиви во аптеките во Русија откако претседателот Владимир Путин донесе одлука за делумна мобилизација за војната во Украина.Продажбата порасна за 120 отсто во неделата од 19 до 25 септември, соопшти новинската агенција ТАСС, повикувајќи се на податоци на истражувачите на фармацевтскиот пазар.

Путин на 21 септември нареди делумна мобилизација на 300.000 резервисти.

Раководителката на Сојузот на фармацевтски здруженија Викторија Пресњакова изјави дека од почетокот на војната во Русија кон крајот на февруари побарувачката за антидепресиви, таблети за спиење и таблети за смирување значително порасна во споредба со претходните години.

Како причина за порастот на антидепресивите Пресњакова ја наведува „геополитичката и економската ситуација“.

Според неа, има многу пациенти на кои првпат им се препишани такви лекови.

Таа истакна дека населението купува лекови без рецепти за да се смири.

Многу лекови за кои во другите земји во Европа е потребен рецепт можат едноставно да се купат во аптеките во Русија.

TRT Balkan / агенции
Популарни