Во камионите имало храна, вода, медицински материјали и лекови / Photo: AA

Палестинската Црвена полумесечина објави дека примила 118 камиони со помош во текот на вчерашниот ден и денес преку граничниот премин Рафах.

Од 21 октомври досега во Појасот Газа влегоа 569 камиони со помош.

Палестинската Црвена полумесечина изјави дека нејзините тимови преку преминот Рафа примиле 25 камиони на египетската Црвена полумесечина со хуманитарна помош.

Во подоцнежната изјава тие потврдија дека денес преку преминот Рафах примиле 93 камиони со помош од египетската Црвена полумесечина.

Истакнаа дека во камионите имало „храна, вода, помош, медицински материјали и лекови, додека засега не е дозволено гориво“.

„Бројот на примени камиони од 21 октомври е 569, приближно еквивалентно на околу 33 камиони дневно“, се вели во извештајот.

Првиот конвој со помош влезе во Газа на 21 октомври.

Дваесет камиони со претежно медицински и прехранбени материјали влегоа во Газа по 13 дена строга израелска блокада на Појасот и гранатирање на преминот Рафах.

AA
Популарни