Израелската армија во четвртокот уапси уште 20 Палестинци во рации на окупираниот Западен Брег, објавија групите за прашања на затвореници.
„Меѓу уапсенитее и претседателот на сега распуштениот палестински законодавен совет, Азиз Двеик“, се вели во заедничката изјава на Комисијата за прашања на затворениците и Здружението на палестинските затвореници.
Двејк беше ослободен од израелската војска претходно оваа недела.
Со новите апсења, бројот на Палестинците кои израелската армија ги приведе на Западниот Брег од октомври минатата година, според палестинските податоци, се зголеми на 9.300.
Тензиите се високи низ Западниот Брег откако Израел започна смртоносна воена офанзива против Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.
Оттогаш, околу 550 Палестинци се убиени и речиси 5.200 ранети од израелски оган на окупираната територија, според палестинското Министерство за здравство.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафах, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната.