Израел сè уште одбива да дозволи влез на гориво во Газа / Photo: AA

Палестинската Црвена полумесечина во средата соопшти дека уште 55 камиони со хуманитарна помош влегле во Појасот Газа преку граничниот премин Рафах со Египет.

„Екипите на Црвената полумесечина денеска примија 55 камиони хуманитарна помош од египетската Црвена полумесечина преку преминот Рафах“, се вели во соопштението.

Се вели дека камионите содржеле храна, вода и медицински материјали, но Израел сè уште одбива да дозволи влез на гориво во Газа.

Се истакнува дека бројот на камиони со помош што влегле во Газа од 7. октомври достигна 272.

Под израелската 16-годишна блокада на Газа, околу 500 камиони што превезуваа стока секојдневно влегуваа во Газа, вклучително и 45 камиони што превезуваа гориво.

Но сето тоа престана по избувнувањето на борбите во Газа на 7. oктомври, оставајќи ја палестинската енклава соочена со сериозен недостиг на основни производи, вклучително и гориво, кое е итно потребно за напојување на болниците и за филтрација на водата за пиење.

Израелската армија ги прошири своите воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, кој е под немилосрдни воздушни напади по ненадејната офанзива на Хамас на 7. октомври.

Оттогаш, повеќе од 10.300 луѓе се убиени во конфликтот, меѓу кои најмалку 8.796 Палестинци и повеќе од 1.538 Израелци, според Министерството за здравство на Газа.


AA
Популарни